Саса прв рудник кој ќе добие А- интегрирана еколошка дозвола

Bez autora
Feb 23 2014

Рудникот Саса посебно внимание посветува и на заштитата на животната средина, при што, се очекува во определениот законски рок по целокупната доставена документација и барање овој рудник да добие А - интегрирана еколошка дозвола од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, во согласност со законската регулатива. Ова го најави претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, при посетата на рудникот и средбата со генералниот директор, Александар Раков. Рудникот Саса е гордост на македонскиот извоз и гордост на Стопанската комора. Во работењето на Саса не постојат проблеми. Тој е најголем извозник и како стопанска комора, сакаме компанијата да ја задржи таа позиција и во наредниот период.

Саса прв рудник кој ќе добие А- интегрирана еколошка дозволаРудникот Саса посебно внимание посветува и на заштитата на животната средина, при што, се очекува во определениот законски рок по целокупната доставена документација и барање овој рудник да добие А - интегрирана еколошка дозвола од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, во согласност со законската регулатива.

Ова го најави претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, при посетата на рудникот и средбата со генералниот директор, Александар Раков.

- Рудникот Саса е гордост на македонскиот извоз и гордост на Стопанската комора. Во работењето на Саса не постојат проблеми. Тој е најголем извозник и како стопанска комора, сакаме компанијата да ја задржи таа позиција и во наредниот период. Можам да изразам задоволство дека кон крајот на овој месец оваа компанија ќе биде првата компанија во Македонија во областа на рударството која ќе добие А- интегрирана еколошка дозвола во рок предвиден со законот и тоа е добар пример за останатите - истакна Азески.

Генералниот директор, Раков, истакна дека се задоволни од работењето на рудникот Саса.

- Ние се надеваме дека со нашето работење во годините што следуваа по неговото рестартирање го поддржуваме развојот на Македонија и развојот на Источна Македонија, што, пред се, се одразува на показателите кои ги имаме постигнато. Знаеме дека нашите инвеститори се грижат за понатамошниот развој на нашите претпријатија, пред се, во насока на зголемување на безбедноста при работење, на одржувањето на нивото на производство, како и на зголемувањето на техничкото ниво на производство. Се надеваме дека ќе продолжи таа поддршка која досега ја имавме од сите надлежни релевантни државни институции, а ние ќе одговориме со добри резултати во наредните децении - истакна Раков.

Рудникот Саса започна со работа во 1966 година со годишен капацитет за преработка на околу 300 илјади тони. Максималното годишно производство е остварено во периодот од 1970 и 1980 г., при што се експлоатирани и произведени околу 625 илјади тони влажна руда. Во 2003 година рудникот е затворен.

По рестартирањето на рудникот Саса во 2006 од страна на руски инвеститор, вложувањата во рудникот се, пред се, во капиталните објекти, машините и опремата, кои придонесуваат за експлоатацијата и преработката на повеќе од 750 илјади тони руда.

Досегашните вложувања во рудникот изнесуваат преку 50 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik